• недела, 19 мај 2024

Почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство

Почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство
Скопје, 21 јануари 2021 (МИА) - Почина доајенот на македонското спикерство Бранка Станковска. Веста за смртта ја соопшти нејзиното потесно семејство. Станковска беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран која целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија (1948-1987). Таа беше првата спикерка на вестите со чиј глас пораснаа многу генерации. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос на 5 јуни 1964 година е почеток на тогашно ТВ Скопје. бак/сп/

Остани поврзан