• четврток, 15 мај 2025

Почина Бразилецот Жаир

Почина Бразилецот Жаир

 

Милано, 27 април 2025 (МИА) – Поранешниот бразилски напаѓач Жаир да Коста почина во саботата на 84-годишна возраст, објави денеска Интер, со кого доминираше во италијанскиот и европскиот фудбал во 60-те години од минатиот век.

„Жаир почина. Десното крило со феноменални способности за дриблинг, освои сè со Интер. Четири титули во лигата, два Европски купа, два Интерконтинентални купа и место во вечноста со легендарен тим“, се вели во соопштението на Интер.

Пред денешниот натпревар од 34. коло на Интер против Рома, „нероаѕурите“ му оддадоа почит на напаѓачот кој го носеше нивниот дрес од 1962 до 1967 година и од 1968 до 1972 година.

Жаир постигна 67 голови во сите натпреварувања за клубот од Милано, со кого го освои италијанското првенство во 1963, 1965, 1966 и 1971 година, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп во 1964 и 1965 година.

Жаир, кој играше и за Рома (1967-68), беше дел од бразилскиот тим кој го освои Светското првенство во Чиле во 1962 година, но во конкуренција со легендарните Гаринча и Пеле, никогаш не влезе во игра. ег

ФОТО: ФК Интер/Фејсбук

Остани поврзан