• петок, 22 ноември 2024

Почина актерот Мустафа Надаревиќ

Почина актерот Мустафа Надаревиќ
Загреб, 22 ноември 2020 (МИА) - Познатиот актер Мустафа Надаревиќ почина денеска на 77-годишна возраст во Загреб по долго и тешко боледување.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Надаревиќ имал рак на белите дробови, а неодамна бил заразен и со вирусот Ковид-19.
Тој е роден во Бања Лука во 1943 година, а поголемиот дел од животот го помина во Загреб.
Театарската кариера ја започна во Младинскиот театар во Загреб, а во 1969 година стана член на Драмата на Хрватскиот народен театар во Загреб.
Првите големи улоги ги играше во домашните претстави - Богдан во „Хваркиња“, Помет во „Дундо Марое“, Милетич во „Оставка“ и Леоне во „Господа Глембаеви“. Во „Татко на службен пат“ на Емир Кустурица во 1985 година, тој се истакна со улогата на Зијах, потоа следуваше „Веќе видено“ од Горан Марковиќ во 1987 година, „Глембаеви“ на Антун Врдоjак во 1988 и „Кудуз“, „Глув барут “, „Одмор во Сараево “, „Ничија земја“, „Гори оган“, „Нафака“ и многу други.
Тој ја воодушеви публиката пред малите екрани со улогата на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“, која се снимаше од 2007 до 2016 година. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан