• петок, 05 декември 2025

Почесна плакета за Ристо Гуштеров за ктиторството во изградбата на црквата во Пустец

Почесна плакета за Ристо Гуштеров за ктиторството во изградбата на црквата во Пустец

Дебар, 23 октомври 2025 (МИА) - На македонски бизнисмен Ристо Гуштеров денеска во Пустец му беше врачена почесна плакета за ктиторството во изградбата на црквата „Свети Архангел и Михаил".

-Денеска во Пустец, имавме чест да го пречекаме  Ристо Гуштеров, еден од најголемите донатори кој несебично помогна во изградбата на храмот „Свети Архангел и Михаил“. Од име на друштвото и на Македонците  изразивме длабока почит за неговиот придонес, информираше Едмонд Темелко, претседател на друштвото.

Токму  по заложба на Темелко, како тогашен градоначалник почна изградбата на овој божји храм, кој е подигнат на темелите на поранешниот. Се наоѓа во центарот на Пустец на плоштадот „Гоце Делчев". 

Во знак на благодарност, Отец Алексо, на Гуштеров,  му врачил почесна плакета, како „симбол на признание за неговата поддршка и љубов кон македонската духовност и култура".

Во исто време Друштвото во име на Македонците во Албанија упати  честитка по повод 23 Октомври , како што стои, денот кога започна македонскиот сон.

Ние, Македонците од Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и од цела Албанија, сме дел од таа историја. За жал сега надвор од границите, но во срцето на борбата. Дел од идеалот, од револуцијата и од љубовта кон татковината, стои меѓу другото во честитката. вт/дма/


Фото: МД "Преспа"

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан