• четврток, 19 декември 2024

Потребна е помош за 24-годишната Елена Маџова од Свети Николе

Потребна е помош за 24-годишната Елена Маџова од Свети Николе

Свети Николе, 2 ноември 2023 (МИА) - Потребна е финансиска помош на Елена Маџова од Свети Николе, која пред неколку месеца заминала на работа во Словенија. Но, доживува мозочен удар и е во кома. По оперативниот зафат во Љубљана повеќе од три месеци е во природна кома.

Нејзиниот татко Ристе Маџов вели дека  со големи сили и напори наоѓаат Клиника во Турција, која ветува дека Елена ќе застане повторно на нозе, но потребни се 50.000 евра. Тој денеска  со апел до сите хумани граѓаните и оние кои се во можност да донираат, со цел неговата 24-годишна ќерка да се разбуди. 

-Ќерка ми отиде во мај месец во Словенија на работа и во јули месец доби мозочен удар, тешко крварење. Направи операција во Љубљана и три ипол месеци е во природна кома. Минатата недела е пуштена дома. Во Љубљана направија се што можеа, ама ќерка ми е се уште во кома. Најдовме клиника во Турција од каде гарантираат дека ќе ја разбудат и ќе се разбуди на нозе, вели Маџов.

Граѓаните за Елена можат да донираат на отворените телефонски броеви и на  трансакциски сметки или со донација на акциите кои веќе се спроведуваат во Свети Николе.

-Има отворено телефонски броеви, со секој повик се донираат 100 денари, има и жиро сметки. Ние сме од Свети Николе, овде веќе се спроведуваат и акции за да се соберат финансиски средства за лекување на мојата ќерка, рече Маџов. вдј/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан