• петок, 21 февруари 2025

Потпретседателот на САД во интервју за Волстрит џурнал: САД би вовеле санкции и потенцијална воена акција кон Русија ако Путин не се согласи за мировен договор со Украина

Потпретседателот на САД во интервју за Волстрит џурнал: САД би вовеле санкции и потенцијална воена акција кон Русија ако Путин не се согласи за мировен договор со Украина

Вашингтон, 14 февруиари 2025 (МИА) - Потпретседтаелот на САД Џеј Ди Венс изјави во интервју за Волтрит џурнал дека САД ќе воведат санкции и потенцијално воена акција против Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на мировен договор со Украина што ќе ја гарантира нејзината независност на долг рок.

„Постојат економски средства за влијание, има, се разбира, и воени средства за влијание“ што САД би можеле да ги употребат против Путин, рече Венс во интервјуто.

„Претседателот Трамп може да каже, погледнете, ние не го сакаме ова, можеби нема да ни се допаѓа, но ние сме подготвени да го разгледаме повторно како опција ако Русите не се добри партнери во преговорите“, објаснува Џеј Ди Венс.

„Можни се различни формулации и конфигурации, но ние се грижиме Украина да има суверена независност“, истакнува американскиот потпретседател.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата одделно разговараше за војната со Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој, исто така, им наложи на американските претставници да започнат разговори за ставање крај на конфликтот, кој трае речиси три години.

„Мислам дека од ова ќе произлезе договор што ќе шокира многу луѓе“, изјави Венс.

Потпретседателот рече и дека Трамп може да се преиспита во зависност од напредокот на преговорите. зш/

 

Остани поврзан