• четврток, 26 март 2026

Потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски на средби со граѓани и симпатизери во Демир Хисар

Потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски на средби со граѓани и симпатизери во Демир Хисар

Скопје, 10 мај 2025

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба  со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“.

Во Општинската организација на ЗНАМ во Демир Хисар одржан е работен состанок на членовите и симпатизерите со преставници од раководството на  партијата Движење ЗНАМ -ЗА НАША МАКЕДОНИЈА: - Генерал Павле Арсоски – Потпретседател на ЗНАМ и пратеник во Собранието, - Виктор Јовановски – Член на ИО, - Никола Мемов – Директор на центарот за комуникации и аналитика на ЗНАМ /Директор на Фондот за ПИОМ,- Јасмина Петковска – Член на ИО,- Радослав Настасијевиќ Варџиски – Заменик министер за дигитална 
трансформација,- Мирослав Лабудовиќ – Заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.

 Средбата беше дел од теренските активности во рамки на кампањата “ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“, насочена кон дијалог со граѓаните и  претставување на програмските приоритети на ЗНАМ на локално ниво.

Арсоски порача дека ЗНАМ излегува на локалните избори со јасна визија и силна волја за промени во секоја општина: „Време е за одговорни и транспарентни локални власти кои ќе работат за граѓаните. Ќе ја вратиме довербата во институциите со чесни луѓе и реални проекти".

На средбата беа истакнати неколку клучни поенти на ЗНАМ за локалната самоуправа:* Прекин со партиското влијание во општините – вработувања и тендери без  политички диктат.
* Реални проекти според потребите на граѓаните * Отворени општини – со учество на граѓаните во креирање на буџетите и локалните политики. * Млади кадри и нови лица – кои ќе внесат енергија, знаење и нова политичка култура.

Арсоски истакна дека во Демир Хисар и низ целата држава ќе понудат луѓе што живеат со проблемите на граѓаните и знаат како да ги решат. Локалната власт мора да биде поблиску до народот. Демир Хисар и Македонија заслужуваат поинаква приказна .

Присутните изразија поддршка и ентузијазам, со надеж дека ЗНАМ ќе донесе вистинска промена на локално ниво.

Центар за комуникации и аналитика - ЗНАМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан