Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино
- СООПШТЕНИЕ: Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска имаше средба со членовите и симпатизерите на партијата во Кавадарци, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.
Скопје, 8 мај 2025
Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска имаше средба со членовите и симпатизерите на партијата во Кавадарци, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.
На средбата беа присутни и пратениците Бобан Карапејовски и Даниел Стојчевски, како и министерот за правда Игор Филков.

Бендевска истакна дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија на која и е важно да ги слушне граѓаните, нивните проблеми и заедно да најдат решение за истите. Во плодната и конструктивна дискусија беа дадени и предлози и решенија за развој на Општина Кавадарци и целиот Тиквешки регион.
Во рамките на кампањата "Заедно повеќе знаеме", потпреседателката Бендевска, пратениците Карапејовски и Стојчевски, и министерот Филков остварија средба и со членовите и симпатизерите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Неготино.
Движење ЗНАМ – За наша Македонија - Центар за комуникации и аналитика
Фото: Движење ЗНАМ – За наша Македонија
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.