• четврток, 11 јули 2024

Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први" ќе потпишат меморандум за соработка

Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Меморандум за соработка денеска ќе биде потпишан меѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.  Меморандумот ќе го потпишат претседателот на Судот Дарко Костадиновски и деканот Сашо Георгиевски. 

Потпишувањето на меморандумот, како што информираат од Судот, е првиот чекор кон реализирање на еден од врвните приоритети на претседателот Костадиновски, којшто при преземањето на функцијата најави дека ќе се заложи за интензивирање на соработката и интеракцијата на Уставниот суд и науката. 

На потпишувањето на меморандумот претходеше работна средба што се одржа минатата недела во Уставниот суд, на која беше дискутирано за можностите за унапредување на соработката помеѓу двете институции. 

- По потпишување на меморандумот се очекува поголема присутност на професори особено од областа на уставното право во секојдневните активности, согласно надлежностите на Судот, како и воспоставување на програми и проекти, работилници и конференции на кои ќе се разменуваат ставови и мислења на важни теми од значење за уставното судство,  кои ќе донесат бенефит за двете страни-потписнички, соопштуваат од Уставниот суд. дма/са/

Фото:Уставен суд 

Тагови

в

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан