• четврток, 26 март 2026

Потпишан Меморандум за соработка меѓу УКИМ и Македонско-американската алумни асоцијација

Потпишан Меморандум за соработка меѓу УКИМ и Македонско-американската алумни асоцијација

Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, претставуван од ректорот Никола Јанкуловски и Македонско-американската алумни асоцијација (МААА), застапувана од претседателката Верица Јорданова денеска во просториите на УКИМ, потпишаа Меморандум за соработка.

- Со заедничка заложба на потписниците за унапредување на образовниот систем, со овој Меморандум, се овозможува постојана размена на искуства, информации и продлабочување на соработката во областа на образованието, културата и уметноста, информираат од УКИМ.

Целта на оваа соработка, нагласуваат оттаму, е поттикнување на долготрајно партнерствово насока на реализација на практикантска обука, заедничко учество и соработка во проекти, изработка на соодветни анализи и заедничко учество на стручни семинари, трибини, форумски дебати, обуки..., како и размена на експертиза и други прашања значајни за бизнис-заедницата и образованието.

Меѓу другото, страните потписнички се обврзале да се координираат и да ги усогласуваат своите идеи и ставови за заеднички настап во земјата и во странство и да учествуваат во активности од заеднички интерес. сст/сп/

Остани поврзан