• четврток, 16 јануари 2025

Потпишан колективен договор  за дорегулирање на правата на вработените во ЈП „Градски паркинг“ - Тетово

Потпишан колективен договор  за дорегулирање на правата на вработените во ЈП „Градски паркинг“ - Тетово

Tетово, 30 декември 2020 (МИА) - Вработените во Јавното претријатие „Градски паркинг“ - Тетово, преку Независниот синдикат на државната администрација, потпишаа колективен договор согласно Законот за работни односи, со кои ќе бидат остварени повеќе права кои им следуваат како работници во јавниот сектор. 

- Со овој колективен договор, освен што се дорегулират правата, вработените, според одредбите од Законот за работни односи, ќе бидат исплаќани за прекувремени саати на работа, јубилејна награда, бонус плата како и број на денови од годишен одмор. И понатаму ќе помагаме на вработените во доуредување на потстатуртарни правилници со цел да подобрување на состојбата, изјави Горан Ристески, претседател на гранковиот синдикат.

Ристевски вели дека биле потребни десет месеци преговори со раководството на ЈП „Градски паркинг“ за да се дојде до договорот. Тој дополнува дека во преговорите им било укажано на раководството за одредени проблеми согласно позитивните законски измени, дека одредени работи треба да се дорегулираат со колективни договор за да се користат бенефитите кои ги дава работодавецот.

Независниот синдикат на државата администрација изминатиот период водеше преговори со Општина Тетово за исполнување на обврските согласно колективниот договор за пожарникарите. Во понеделникот, согласно договорот во буџетот за 2021. се предвидени договорените исплати на додатоци за плата како што се прекувремена работа, работа во викенди и слично.ас/ар/

 

Остани поврзан