Потпишан Анекс на Протколот за размена на податоци помеѓу Управата за јавни приходи и Фондот на ПИОМ
- Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, денеска потпишаа Анекс на Протоколот за размена на податоци со кој се дополнува Протколот и се доуредува размената на податоците помеѓу двете институции.
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, денеска потпишаа Анекс на Протоколот за размена на податоци со кој се дополнува Протколот и се доуредува размената на податоците помеѓу двете институции.
-Сметам дека соработката меѓу нашите институции е на задоволително ниво. Со потпишувањето на Анексот ќе се придонесе размената на податоците да се одвива подобро и ќе се овозможи полесно остварување на правата од ПИО, рече директорот на Фондот, Никола Мемов.
Тој додаде дека секој чекор што ќе придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од ПИО е за поздравување.
-Со овој Анекс ќе се придонесе соработката помеѓу Управата и Фондот да биде уште подобра и попрецизна, рече директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова.
Таа нагласи дека од големо значење е размената на искуствата и континуирани средби за да се решаваат проблемите кои се појавуваат во секојдневната работа, со што ќе се придонесе во подоброто остварување на надлежностите.
На средбата, како што инфомрираат од ПИОМ, станало збор и за други прашања од интерес на двете институции.вј/вг/
Фото: ПИОМ