• недела, 22 декември 2024

Потер ќе го преземе Челзи, Брајтон ќе добие отштета од околу 16 милиони фунти

Потер ќе го преземе Челзи, Брајтон ќе добие отштета од околу 16 милиони фунти
Лондон, 8 септември 2022 (МИА) - Греам Потер ќе го преземе Челзи по отказот доделен на Томас Тухел. Лондонскиот клуб усно се договорил со тренерот за соработка. Оваа информација ја пренесуваат „Гардијан“, „Дејли мејл“ и уште неколку британски медиуми. Во моментов Челзи ги подготвува потребните документи. Во наредните часови клубот ќе се договори со Брајтон за условите за исплата на обештетувањето. Според „The ​​Guardian“, тоа ќе биде околу 16 милиони фунти. Брајтон, според Џанлука Ди Марцио, исто така се согласил на заминување на Потер. Пред клубот од јужниот брег на Англија, тренерот работеше со Свонси и шведски Естерсунд. зс/

Остани поврзан