• недела, 22 декември 2024

Потврдена казната на Барселона од 500.000 евра

Потврдена казната на Барселона од 500.000 евра

Лозана, 17 октомври 2024 (МИА) - Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која ја казни Барселона со 500 илјади евра за финансиски прекршоци во сезоната 2022/23, соопшти прес-службата на судот.

Судот заклучи дека каталонскиот клуб прекршил две точки од правилата за финансиски фер плеј, па казната била оправдана.

Барселона беше подложена на парични санкции поради неточно известување. Комората за финансиска ревизија на УЕФА соопшти дека клубот неправилно пријавил профит од продажба на нематеријални средства во својот извештај за 2022 година, што според правилата не е квалификуван приход. 

Барселона поднесе жалба да се укине казната, но истата беше  одбиена. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан