• среда, 10 јули 2024

Постојаниот координатор на Обединетите нации Дуџак во посета на Кавадарци 

Постојаниот координатор на Обединетите нации Дуџак во посета на Кавадарци 
Кавадарци, 31 октомври 2022 (МИА) - По повод 77 години од постоењето на Обединетите нации денеска во посета на Општина Кавадарци и на Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, беше  Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нациии во РСМ. - На средбата се разговараше за улогата на општината Кавадарци во инплементацијата на милениумските цели, што се определени од Обединетите нации и како нашата општина сите стратешки документи и програми, што ги донесува и реализира, одат во насока на придонес кон решавањето на милениумските цели, соопштија од Кабинетот на Јанчев. Градоначалникот соопшти дека станало збор за екологија, обновливи извори, климатските промени, дигитализацијата. Задоволство од посетата изрази и Дуџак. - Темата на годинешната прослава е посветена на животната средина. Насловот, е, ,,Се грижам", секој може да придонесе за зачувување на животната средина, рече Дуџак. Дуџак и градоначалникот присуствуваа и во Дом на култура Кавадарци, на интерактивна комуникација со претставници од невладините организации и  локалните институции, на која се дискутираше за актуелните предизвици во развојот на овие цели. свд/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан