• петок, 05 јули 2024

Постигнат договор за германскиот буџет за 2025 година

Постигнат договор за германскиот буџет за 2025 година

Берлин, 5 јули 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц (СПД), министерот за економија Роберт Хабек (Зелените) и министерот за финансии Кристијан Линднер (ФДП) го претставија буџетскиот договор за 2025 година, велејќи дека тој претставува повеќе од само буџет. Станува збор за „нови основи на активностите на федералната влада“, како што рече канцеларот Шолц.

Новиот долг во буџетот за 2025 година ќе изнесува 44 милијарди евра, а вкупниот буџет ќе биде 481 милијарда евра. За нови инвестиции е планирана сума од 57 милијарди, што е нов рекорд.

Инвестициите се безбедни, а детскиот додаток ќе се зголеми за пет евра. Ова како важни точки на договор ги соопшти претседателот на пратеничката група на СПД, Ролф Мицених, во интервју за првата програма на германската телевизија АРД.

Но, дискусијата за т.н „Кочницата за задолжување“ не е завршена, вели Мицених. Ќе бидат потребни „многу вешти интервенции“ за да се затвори дупката од милијарди долари во федералниот буџет за 2025 година, според Мицених. Тој не ја исклучува можноста да се прогласи особено тешка ситуација во земјата, „што би овозможило укинување на забраната за прекумерно задолжување, односно кочниците за задолжување“.

За разлика од Мицених, шефот на пратеничката група на либералите (ФДП), Кристијан Дир, смета дека за тоа нема можности. Германија е на пат кон солидна финансиска политика, вели тој, додавајќи дека огромното мнозинство луѓе во земјата се залагаат за задржување на должничката кочница, па ФДП смета дека е нејзина должност да го протурка преку владата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан