• четврток, 26 март 2026

Постекоглу: Колку подолго се одолговлекува паузата без трофеи, толку е потешко да се запре сето тоа

Постекоглу: Колку подолго се одолговлекува паузата без трофеи, толку е потешко да се запре сето тоа

Билбао, 22 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Тотенхем, Анже Постекоглу се осврна на победата над Манчестер јунајтед (1:0) синоќа во финалето на Лига Европа.

- Сè уште се обидувам да сфатам што се случи. Разбирам што значи ова за нашиот клуб. За жал, колку подолго се одолговлекува паузата без трофеи, толку е потешко да се запре сето тоа. Можев да почувствувам колку беа загрижени сите во клубот. Додека не ја тргнете таа тежина од вашите рамена, не знаете што значи тоа. Тешко е сега да ги изразам моите емоции со зборови. Неверојатно сум горд на играчите. Како што еднаш рече премиерот на Австралија, успехот е за оние кои вистински веруваат до крај. Овде има неверојатни фудбалери кои никогаш не се сомневале во она што го правиме јас како тренер и ние како тим, изјави Постекоглу.

Спарс го освоија својот прв трофеј од 2008 година и обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Воедно, Тотенхем си закажа пресметка со ПСЖ или Интер во Суперкупот на УЕФА. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан