• петок, 05 декември 2025

Поставување југуларни катетери под ехо кај пациенти на хемодијализа, нова метода во Струшка нефрологија

Поставување југуларни катетери под ехо кај пациенти на хемодијализа, нова метода во Струшка нефрологија

Струга, 25 април 2025 (МИА) - Поставување југуларни катетери под ехо кај пациенти кои се лекуваат со хемодијализа е нова процедура што почна да ја применува Специјализираната болница за нефрологија – Струга, информира директорот на установата Јетмир Зиба.

Постапката под ехо, појасни тој, го прави процесот побезбеден и поконтролиран, а е направена со поддршка на лекари од клиниката Von Basedow од Германија.

- Поставувањето на југуларни катетери кај пациентите кои се лекуваат со хемодијализа има повеќе предности. Намален е ризикот од венска стеноза, побезбедна и полесна положба за манипулација за време на хемодијализата и секојдневно одржување, помал ризик од инфекции во споредба со феморалната вена, подобар проток на крв и полесно поставување под ехографија, истакна Зиба.

Најави дека во соработката со германската клиника ќе продолжи со донација од медицинска опрема.

- Горди сме што носиме модерни методи во здравствената грижа во нашата болница. Во фокусот на нашата мисија секогаш стои пациентот. Затоа, ќе продолжиме посветено да аплицираме нови методи и технологии кои го подобруваат квалитетот на третманот и здравјето на нашите пациенти, рече Зиба. сс/мд/

Фото: Специјализираната болница за нефрологија – Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан