• понеделник, 23 декември 2024

Поставен табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел да не се узурпираат

Поставен табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел да не се узурпираат
 

Тетово, 28 март 2023 (МИА) - Општина Тетово информираше дека на повеќе локации се поставени табли и означени места за паркинг за лица со телесен инвалидитет. Воедно се апелира овие места да не се узурпираат и да се остават за возила со кои се превезуваат лица со хендикеп.

-Поставени се табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет деновиве на клучни локации низ градот Тетово во близина на Основен суд, Tетовски Клинички Центар, Градски пазар, строгиот центар каде се наоѓаат банките и Пошта, пред ООУ „Лирија” каде учат деца во посебни паралелки.  Апелираме до возачите да бидат одговорни и солидарни, да не ги узурпираат местата предвидени за паркинг на оваа категорија на лица. Сите заслужуваме еднаков третман и права, а ние се грижиме за тоа, порачаа од Општина Тетово.
 
Според законските обврски од 420 паркинг места во зоните А и Б, ЈП Градски паркинг тревба да има 2 отсто за луѓето со посебни потреби. ас/дма/
 
Фото:Општина Тетово 

Остани поврзан