Поставени „лежечки полицајци“ на 24 локации во Куманово
- Општината ќе продолжи со поставување на овие средства за намалување на брзината на возилата, со цел поголема безбедност на пешаците.
Куманово, 5 март 2026 (МИА) - Општина Куманово постави нови „лежечки полицајци“ на 24 локации во градот, соопшти денеска градоначалникот Максим Димитриевски.
-Поставени се средства за забавување на сообраќајот, „лежечки полицајци“, на улиците „Народна револуција“, „Јоско Илиевски“, „Поток Серава“, „Веселин Маслеша“, „110“, „Тоде Мендол“, „Студена Вода“, „Васко Карангелески“, „11 Ноември“ и во село Горно Којнаре. Безбедноста во сообраќајот е приоритет, објави Димитриевски.
Граѓаните од повеќе реони реагираат дека е потребно да се постават вакви средства за смирување на сообраќајот, поради несоодветното возење на дел од учесниците во сообраќајот.

Пред неколку години беа поставени подигнати пешачки премини на локации во близина на основните и средните училишта, детски градински, јавни установи. Општината ќе продолжи со поставување на овие средства за намалување на брзината на возилата, со цел поголема безбедност на пешаците. Од една страна има група граѓани кои постојано бараат поставување на т.н. „лежечки полицајци“, но од друга страна има возачи кои се противат. ам/са/
Фото Општина Куманово