• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поставени големи украсни велигденски јајца на неколку локации во Штип

Поставени големи украсни велигденски јајца на неколку локации во Штип

Штип, 18 април 2025 (МИА) - Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на неколку локации во Штип поставени се големи декоративни велигденски јајца како симбол на Христовото Воскресение, информираше денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој истакна дека црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

-Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта Христова и спасението, вели Јорданов.

Тој се заблагодари на Далибор - Дачо Николовски, соработниците Леонтина Станковска, Митко и Тоше Спиридонови, кои учествуваа во изработката на Велигденските јајца.

Фигурите во вофрма на велигденски јајца се изработени од железна конструкција, стиропор, гипс и боја. вдј/вг/

 

Фото: МИА

Остани поврзан