• четврток, 26 март 2026

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“ во Чаир

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“ во Чаир

21 мај 2025

Со скромна, но значајна церемонија, Општина Чаир денес во Паркот „Украина“ ја организираше поставката на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите.

Настанот беше реализиран во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, со присуството на амбасадорката г-ѓа Лариса Дир, која ја нагласи важноста на пријателството и солидарноста меѓу народите. Градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, истакна дека овој симболичен чин е доказ за посветеноста на Општината кон промовирање на мирот, историското сеќавање и хуманите вредности.

Општина Чаир

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан