• вторник, 17 декември 2024

Последно испраќање на спортскиот новинар Зоран Поповски

Последно испраќање на спортскиот новинар Зоран Поповски

Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) – Истакнатиот македонски спортски новинар Зоран Поповски, кој почина вчера ненадејно на 54-годишна возраст, ќе биде погребан попладнево на градските гробишта Бутел во Скопје.

Поповски повеќе од две децении работеше како спортски новинар во „А1“, „Дневник“, „Спорт 4“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, и „Република“, а од 2018 година беше дел од редакцијата на порталот „Спортманија“.

Како новинар вљубеник во фудбалот, Поповски известуваше најмногу од фудбалски настани, вклучувајќи ги сениорското Европско првенство 2021 на кое за првпат настапи Македонија, како и Европското првенство за младинци во Полска во 2017 година. ег/дма/

Остани поврзан