• вторник, 14 мај 2024

Посета на првороденото бебе годинава од Крива Паланка

Посета на првороденото бебе годинава од Крива Паланка
Крива Паланка, 6 јануари 2022 (МИА) – Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, денеска ја посетија малата Калина Стевановска, првото новороденче од општината годинава. Калина е второ дете на родителите Бранимир и Мартина Стевановски, родена е на Гинеколошко-акушерскатаклиника на комплексот државни клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на 3 јануари 2022 година со родилна тежина од 3 килограми 640 грама. - Нема поголема радост од среќата што ја носи новиот живот.  Денес, на овој убав ден, голем христијански празник Бадник, ден посветен на семјството, ја посетив малата Калина Стевановска, првото новороденче од нашата општина во новата година која донесе неизмерна  радост за семејството, сестричката и родителите. Нека нејзиниот живот биде благословен со здравје, благосостојба, смеа и радост, порача градоначалникот Митовски. Од оваа, 2022, година, секое новороденче од Крива Паланка ќе добие еднократен надоместок од општината во висина од 3.000 денари, согласно Одлуката донесена од страна на Советот на општината, на иницијатива на градоначалникот Митовски. Потребните документи за аплицирање се наведени во барањето достапно на веб-страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk  и во архивата на Општина Крива Паланка. ид/цр

Остани поврзан