• сабота, 29 јуни 2024

Посебен режим на сообраќај утре во четврток и петок во Скопје

Посебен режим на сообраќај утре во четврток и петок во Скопје
Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - Поради официјална посета на Република Северна Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Ирене Келин, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре, задутре и во петокќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Министерството за внатрешни работи, од тие причини, апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. вг/

Остани поврзан