• недела, 07 јули 2024

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Скопје, 9 јануари 2024 (МИА) - Во Скопје од денеска до сабота, 13 јануари, ќе има посебен режим на сообраќај поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.бт/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан