• недела, 07 јули 2024

Посебен режим на сообраќај во Скопје од вторник до сабота

Посебен режим на сообраќај во Скопје од вторник до сабота

Скопје, 7 јануари 2024 (МИА) - Посебен режим на сообраќај ќе има од вторник до сабота, од 9 до 13 јануари, во Скопје поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.бт/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан