• петок, 05 декември 2025

Портпаролката na грчко МНР: Грција испрати демарш до Израел за флотилата „Глобал Сумид“ и задржаните 27 грчки граѓани

Портпаролката na грчко МНР: Грција испрати демарш до Израел за флотилата „Глобал Сумид“ и задржаните 27 грчки граѓани

Атина, 2 октомври 2025 (МИА) – Министерството за надворешни работи тесно ги следи случувањата со флотилата „Глобал Сумид“, се наоѓаме во континуирана комуникација со амбасадата во Тел Авив, амбасадорката ќе го посети местото каде што се наоѓаат 27 грчки граѓани. Како и во претходните денови, така и денеска грчката страна достави демарш до Израел, рече портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во флотилата „Глобал Сумид“ учествуваат и пет грчки брода со 27 лица од Грција, а сите се задржи од израелските власти.

Зохиу посочи дека сите грчки граѓани се во добра здравствена состојба и немало насилство, а за Грција во овој момент приоритет е нивната безбедност.

Објасни дека шефот на грчката дипломатија е во постојана комуникација со неговиот израелски колега и додаде дека во соработка со останатите земји ќе бидат направени сите предвидени активности до Израел за да се обезбедни конзуларна поддршка.

Портпаролката на грчкото МНР потсети и на вчерашната заменичка изјава на шефовите на грчката и италијанската дипломатија во која го покренаа прашањето за обезбедување безбедност на учесниците и да ги дозволат сите конзуларни мерки за заштита.

Поради последните случувања со флотилата пред Министерството за надворешни работи на Грција утрово и доцна синоќа, кусо пред полноќ, собир беа одржани протести. ср/мс/

Остани поврзан