• сабота, 23 ноември 2024

Портпаролката на француската влада нападната во пресрет на вториот круг од парламентарните избори

Портпаролката на француската влада нападната во пресрет на вториот круг од парламентарните избори

Париз, 4 јули 2024 (МИА) - Портпаролката на француската влада Приска Тевено била нападната за време на кампањата, само неколку дена пред вториот круг од парламентарните избори, соопштија денеска официјални лица.

- Тевено, кандидат за пратеник од алијансата предводена од Макрон, нејзиниот заменик и партиски активист лепеле изборни плакати синоќа пред вториот круг од парламентарните избори закажан за 7 јули, кога биле нападнати од група млади мажи, изјави премиерот Габриел Атал.

Медиумите објавија дека Тевено не е повредена и дека ќе ја продолжи кампањата, но дека нејзиниот заменик и партиски активист се хоспитализирани. Засега нема информации за нивната здравствена состојба.

Обвинителството соопшти дека отворило истрага, но не прецизираше што бил мотивот на напаѓачот. Четири лица, меѓу кои три малолетни, се во притвор, соопшти Обвинителството. паг/
 

Фото: Јаху

 
 
 

 

 

Остани поврзан