Поранешните лидери на двете најголеми партии во Јужна Кореја најавија кандидатури за претседателските избори во јуни
- Поранешниот лидер на опозициската Демократска партија на Јужна Кореја, Ли Џае-Мјунг и поранешниот претседател на владејачката Партија на народна моќ, Хан Донг-Хун, официјално ги објавија своите кандидатури за претседателските избори на 3 јуни, откако поранешниот претседател Јун Сук-Јол беше отповикан.

Сеул, 10 април 2025 (МИА) - Поранешниот лидер на опозициската Демократска партија на Јужна Кореја, Ли Џае-Мјунг и поранешниот претседател на владејачката Партија на народна моќ, Хан Донг-Хун, официјално ги објавија своите кандидатури за претседателските избори на 3 јуни, откако поранешниот претседател Јун Сук-Јол беше отповикан.
Ли, кој се сметаше за главен ривал на Јун на претседателските избори во 2022 година кога загуби со тесна разлика, ја објави својата кандидатура еден ден откако поднесе оставка како лидер на Демократската партија, објави Јонхап.
Во десетминутната видео порака, Ли порача дека сака да биде „најдобрата алатка на народот“ и ја истакна борбата против економската поларизација како клучна точка на неговата кампања.
Тој најави големи инвестиции во економијата, подобрување на животниот стандард на граѓаните и водење надворешна политика заснована на националните интереси, истовремено зајакнување на сојузот со Соединетите Американски Држави и соработката со Јапонија.
Од друга страна, својата кандидатура ја потврди и Хан Донг Хун, кој до неодамна ја водеше владејачката партија.
Претседателските избори беа закажани откако Уставниот суд на 4 април го потврди импичментот на претседателот Јун, кој беше сменет поради контроверзната одлука за воведување воена состојба во декември минатата година. паг/
Фото: ЕПА