• петок, 05 декември 2025

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун ја напушти Партијата на народната моќ (ППП)

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун ја напушти Партијата на народната моќ (ППП)

Сеул, 17 мај 2025 (МИА) - Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол денеска соопшти дека ја напушта Партијата на народната моќ (ППП) и ги повика граѓаните да го поддржат претседателскиот кандидат од оваа партија, Ким Мун-со.

Јун ја објави одлуката на својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека иако ја напушта партијата, тој продолжува да се „бори за слобода и национален суверенитет“, јави агенцијата Јонхап.

„Ве молам да го поддржите Ким Мун-со и да излезете на гласачките места. Секој глас е начин да се зачува слободата, суверенитетот и просперитетот на нашата земја“, рече Јун.

Тој поднесе оставка откако беше сменет од функцијата претседател во април поради неуспешниот обид за воведување воена состојба во декември минатата година и моментално се соочува со кривични обвиненија.

Се погласни станаа повиците во рамките на ППП за негово повлекување, бидејќи многумина веруваа дека неговото напуштање на партијата ќе помогне во зголемувањето на популарноста на кандидатот Ким Мун-со, кој се бори со нискиот рејтинг во анкетите.

Ким по објавата на Џун изјави дека ја почитува неговата одлука и дека партијата ќе работи на тоа да биде „обединета и иновативна“ со цел подобро да се усогласи со волјата на народот.

Заминувањето на Јун од ППП беше остро критикувано од ривалските партии, нарекувајќи го неговиот говор „полн со илузии“ и „без извинување“ за неговиот неуспешен обид да воведе воена состојба. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан