Поранешниот српски министер обвинет за трагедијата во Нови Сад претрпе втора итна операција
- Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ синоќа претрпе втора итна операција, објавија српските медиуми.
Белград, 18 август 2025 (МИА) - Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ синоќа претрпе втора итна операција, објавија српските медиуми.
-Поради постоперативни компликации, здравствената состојба на мојот брат Горан ненадејно се влоши, поради што синоќа беше извршена итна втора операција. Тој моментално е во стабилна состојба и е на интензивна нега. Сите информации за неговата здравствена состојба ќе ги даде само неговото семејство, изјави Зоран Весиќ за весникот „Блиц“.
Весиќ неодамна беше опериран откако беше итно примен во болница поради силни болки во стомакот, треска и повраќање, малаксаност и дехидрација.
Тој беше уапсен по втор пат истиот ден како дел од судската постапка поврзана со уривањето на настрешницата на железничката станица во северниот српски град Нови Сад, по што му беше изречена мерка притвор до 30 дена.
Судот подоцна ја промени мерката и го ослободи во домашен притвор.
За време на првото притворање на Весиќ поради инцидентот во Нови Сад, во кој загинаа 16 лица, тој во притвор штрајкуваше со глад и жед. мс/
фото: МИА архива