• понеделник, 25 ноември 2024

Поранешниот претседател на Хондурас осуден во Њујорк по обвинение за шверц на повеќе тони кокаин во САД

Поранешниот претседател на Хондурас осуден во Њујорк по обвинение за шверц на повеќе тони кокаин во САД

Њујорк, 8 март 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез е осуден денеска во Њујорк по обвинение дека соработувал со шверцери на дрога и дека ја користел војската и полицијата на неговата земја за да овозможи шверц на повеќе тони кокаин во САД.

Поротата ја донесе својата пресуда по двонеделното судење на 55-годишниот Хернандез, кое беше внимателно следено во Хондурас.

Хернандез служеше два мандата како претседател на Хондурас, централноамериканска земја со околу 10 милиони луѓе, од 2014 до 2022 година.

Тој беше уапсен во април 2022 година во неговиот дом во Тегусигалпа, главниот град на Хондурас, три месеци по истекот на неговиот втор претседателски мандат, и набрзо беше екстрадиран во САД.

Американските обвинители го обвинија Хернандез дека соработувал со шверцери на дрога од 2004 година и земал милиони долари мито за време на неговата политичка кариера.

Ернандез пред судот призна дека парите од дрога биле дадени на буквално секоја политичка партија во Хондурас, но негираше дека земал мито. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан