• сабота, 13 декември 2025

Поранешниот претседател на Боливија, Арсе приведен под обвинение за корупција

Поранешниот претседател на Боливија, Арсе приведен под обвинение за корупција

Сукре, 11 декември 2025 (МИА) – Поранешниот претседател на Боливија, Луис Арсе е приведен под обвинение за корупција.

- Оние што крадеа од оваа земја ќе вратат сè и ќе одговараат пред суд, изјави боливискиот потпретседател Едманд Лара.

Арсе е обвинет за проневера на средства од Фондот за домородни народи во периодот од 2006 до 2014 година, кога беше министер за економија во левичарската влада на претседателот Ево Моралес.

Тој е обвинет и за занемарување на должноста и економски кривични дела поврзани со управувањето со Фондот.

Наследникот на Арсе, Родриго Паз Переира од центристичката Христијанско-демократска партија, положи заклетва на почетокот на минатиот месец. Промената на власта става крај на речиси две децении левичарски влади во Боливија. ми/мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан