• недела, 22 декември 2024

Поранешниот НБА-играч Теренс Вилијамс се изјасни за виновен за измама

Поранешниот НБА-играч Теренс Вилијамс се изјасни за виновен за измама
Вашингтон, 28 август 2022 (МИА) - Поранешниот НБА-играч Теренс Вилијамс се изјасни за виновен за заговор за извршување измама во здравствената заштита и кражба на идентитет. Вилијамс беше главниот мозок на голема измама користејќи ја програмата за здравствено осигурување и социјална помош на НБА. Преку оваа шема поранешни играчи незаконски стекнале неколку милиони долари. На 35-годишниот Вилијамс му се заканува затворска казна до 20 години под обвинение за заговор и задолжителна затворска казна од најмалку две години за кражба на идентитет. Вилијамс и 17 други поранешни играчи поднесоа лажни медицински и стоматолошки извештаи за услуги кои всушност никогаш не ги добиле. Во текот на истрагата, се покажа дека меѓу 2017 и 2021 година поднеле лажни барања во вредност од најмалку 5 милиони долари. Во обвинението се опфатени шесткратниот член на најдобриот одбранбен тим на НБА, Тони Ален, поранешниот играч на Лејкерс, Шенон Браун, поранешниот напаѓач на Бостон, Глен „Биг Бејби“ Дејвис, како и Дариус Мајлс, Себастијан Телфер, Алан Андерсон, Вил Бајнхам, Мелвин Ели, Крис Даглас-Робертс, Тони Ротен, Си Џеј Вотсон, Милт Паласио, Антоан Рајт, Рубен Патерсон, Еди Робинсон, Грегори Смит и Џамарио Мун. зс/

Остани поврзан