• понеделник, 23 декември 2024

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка на функцијата пратеник во параментот

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка на функцијата пратеник во параментот

Лондон, 10 јуни 2023 (МИА) - Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник во Парламентот, што веднаш стапува на сила.

Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарна истрага за тоа дали го довел во заблуда Долниот дом кога рече дека се почитувани сите правила воведени поради Ковид-19.

Комитетот за привилегии на британскиот Парламент истражува дали Џонсон намерно ги завел пратениците во изјавите што ги дал пред Долниот дом во декември 2021 година за забавите што се одржуваат во Даунинг стрит за време на „карантинот“ поради Ковид-19, на кои присуствувал и тој самиот.

Во својот доказен документ од 52 страници, предаден на комисијата во март, Џонсон призна дека го довел парламентот во заблуда, но негираше дека го сторил тоа намерно.

Тој призна дека социјалното дистанцирање не било „совршено“ на собирите на Даунинг стрит 10 за време на карантинот за Ковид-19.

Но, додаде, дека тоа се „суштински“ работни настани за кои тврдеше дека се дозволени. Тој инсистираше на тоа дека упатствата - како што тој ги разбира - биле следени во текот на целиот период.

-Многу е тажно што го напуштам Парламентот - барем засега“, рече Џонсон во изјавата.

„Ме избркаа мал број луѓе, без докази за поткрепување на нивните тврдења и без одобрение дури и од членовите на Конзервативната партија, а камоли од поширокото гласачко тело“, оцени поранешниот британски премиер. сд/

Остани поврзан