• недела, 22 декември 2024

Поранешниот албански претседател на распит во СПАК за случајот „ЧЕЗ“

Поранешниот албански претседател на распит во СПАК за случајот „ЧЕЗ“

 Тирана, 8 ноември 2023 (МИА) – Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, денеска два часа беше на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција СПАК, по прјава за „активна корупција на високи државни функционери“ при приватизацијата на албанската Електродистрибуција на чешката компанија ЧЕЗ.

Тој кажа дека денеска бил во СПАК почитувајќи го законот, притоа додавајќи дека истрагата против него е дело на Еди Рама, за да се тргне вниманието од скандалите на власта.

-Сакам да истакнам дека ниту еден акт, писмо, документ, од страна на Илир Мета на неговите позиции, не е во интерес на никого. Ова е прашање што е политички диктирано од Рама за да го избегне внимание од секојдневните скандали и да го насочи вниманието кон гласините од пред 14 или 15 години, посочи Мета.

Нагласи дека е подготвен да се соочи со правдата и оти неговото повикување во СПАК е „теленовела која била судена двапати“ и оти случајот повторно го отворил лажен подносител на пријава, кој е осуден за семејно насилство и клевета.

Случајот се однесува на приватизацијата на Елекродистрбуција од страна на чешката енергетска групација ЧЕЗ која влезе на пазарот во Албанија во 2009 година со купување на 76 отсто од акциите на албанската дистрибутерска компанија а останатите 24 отсто останаа во сопственост на Албанија.

На почетокот на јануари 2013 година албанската регулаторна комисија и ја одзеде лиценцата на ЧЕЗ за стопанисување со енергетскиот систем во земјата, поради непридржување кон договорот со Владата на Албанија. Претходно во ноември 2012 година ЧЕЗ соопшти дека ја разгледуваат можноста да ја напуштат Албанија, бидејќи не успеале да го решат спорот со Владата на Албанија за тарифите и вонредните трошоци. вт/сд/

Остани поврзан