Поранешна вработена со помош на друго лице уценувала сопственик на угостителски објект во Куманово, поднесена е кривична пријава
- Пријавената се заканила дека ќе објави фотографии од подготовка на храна за да создаде негативна слика за угостителскиот објект.
Куманово, 1 април 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 7 февруари 2026 година, првопријавената, која била поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека доколку не ја врати на работа или не ѝ исплати 5.000 евра, ќе објави фотографии на социјална мрежа.
Со фотографиите, како што се наведува, таа се заканувала дека ќе прикаже наводно несоодветно ракување со храната во објектот, со цел да создаде негативна слика за угостителскиот бизнис. Во извршувањето на делото ѝ помагал второпријавениот. ам/дма/
Фото: МИА