• петок, 05 декември 2025

Поранешната кечерка Линда Мекмеон избрана за нова секретарка за образование на САД

Поранешната кечерка Линда Мекмеон избрана за нова секретарка за образование на САД

Вашингтон, 4 март 2025 (МИА) - Сенатот на САД ја потврди номинацијата на Линда Мекмеон, поранешна директорка на Светската федерација за кеч (WWE), за нова секретарка за образование.

76-годишната бизнисменка ја доби поддршката на 51 сенатор, додека 45 гласаа против. Сите присутни сенатори од Демократската партија гласаа против.

Трамп во својата претседателска кампања за изборите во 2024 година вети дека ќе го укине Министерството за образование, префрлајќи ги неговите надлежности на поединечните сојузни американски држави.

Мекмеон веќе беше дел од администрацијата на Трамп за време на неговиот прв мандат, кога ја предводеше Агенцијата за мали бизниси.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан