• вторник, 03 декември 2024

Пораз на Ѓорческа во финалето во Љубљана

Пораз на Ѓорческа во финалето во Љубљана

Љубљана, 15 септември 2024 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и нејзината партнерка, Швајцарката Џил Тајхман доживеаја пораз во финалето во двојки на ВТА 125 турнирот што се одржуваше во Љубљана.

Тие загубија од италијанско-шпанската двојка Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2:1 во сетови (5-7, 7-5, 10-7 на поени) за помалку од два часа игра.

Ѓорческа претходно играше на овој турнир и во сингл, но ги заврши настапите во раната фаза. дс

Фото: Архива

Остани поврзан