Пораз за македонските одбојкарки на гостувањето во Летонија
- Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби од Летонија на гостински терен со 3:0, по сетови 25:19, 25:17 и 31:29.

Рига, 14 јуни 2023 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби од Летонија на гостински терен со 3:0, по сетови 25:19, 25:17 и 31:29.
За „црвено-жолтите“ ова беше петти пораз во исто толку натпревари во Европската Сребрена лига.
Во вториот натпревар од 5. коло вечерва играат Австрија и Естонија.
Естонија е прва на табелата со 12 бода, Австрија има 9, Летонија 6, Македонија е последна без освоен бод. зс/