• петок, 22 ноември 2024

Поради шумските пожари прогласена највисока тревога во 16 градови на италијанскиот остров Елба

Поради шумските пожари прогласена највисока тревога во 16 градови на италијанскиот остров Елба

Рим, 22 август 2023 (МИА) - Шумскиот пожар што од синоќа беснее на италијанскиот остров Елба досега принуди на евакуација 700 лица, додека италијанското Министерство за здравство денеска прогласи највисока тревога за 16 градови на островот, јави ДПА.

Евакуацијата беше извршена од еден камп и неколку станбени згради, јави денеска Цивилната одбрана на регионот Тоскана на онлајн платформата X, додаде германската агенција.

Досега се изгорени вкупно 14 хектари, но пожарот утринава беше ставен под контрола.

Доколку ситуацијата не се влоши, евакуираните луѓе подоцна во текот на денот ќе може да се вратат во своите домови и засолништа.

Шумите меѓу градовите Рио Марина, Порто Азуро и Ортано се особено погодени од пламенот, на островот што е многу популарен кај туристите. 

Засега нема извештаи за жртви, пренесе ДПА.

Според противпожарната единица, пожарот избувнал доцна  синоќа и поради ветерот брзо се проширил.

Во поголемиот дел од Италија жителите се соочуваат со температури до 38 Целзиусови степени, соопшти Министерството за здравство.

Посебно се погодени северните и централните региони на медитеранската земја. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан