Поради уличен дефект, без вода селата Батинци и Љубош
- Водоснабдувањето е прекинато од 7.45 часот.

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „7“ без број, кај Поштата, во село Батинци, без вода утрово се неговите мештани и корисниците од селото Љубош, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Водоснабдувањето е прекинато од 7.45 часот и ќе биде до санирање на дефектот. бд/бак/
Фото: МИА архива