• сабота, 13 јули 2024

Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Ново село - ГП Ново село

Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Ново село - ГП Ново село
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа денеска од 17:30 часот затворен е за сообраќај магистралниот пат село Ново село - Граничен премин Ново село. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев. мд/аа/    

Остани поврзан