• недела, 21 јули 2024

Поради снег откажани десетици летови од Амстердам

Поради снег откажани десетици летови од Амстердам

Амстердам, 3 декември 2023 (МИА) – Десетици летови од аеродромот Схипхол во Амстердам денеска се откажани поради снегот што се очекува попладне во Холандија, соопшти управата на аеродромот.

На веб-страницата на аеродромот Схипхол беше објавено дека се откажуваат речиси 150 дојдовни и појдовни летови.

Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот Схипхол, потврди за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови закажани за попладнево и вечерва. јт/

Остани поврзан