• четврток, 26 март 2026

Поради слаба продажба, Мерцедес се откажува од своите нови електрични модели

Поради слаба продажба, Мерцедес се откажува од своите нови електрични модели

Берлин, 2 септември 2025 (МИА) - Германскиот автомобилски производител Мерцедес - Бенц ќе го запре производството на електричните модели EQE и EQE SUV веќе следната година, поради слаба продажба и совпаѓање со идните возила.

EQE беше претставен во 2021 година, а SUV верзијата една година подоцна. Иако се уште релативно нови, производството на двата модели ќе запре, пренесува „Autocar“.

Мерцедес планира да ги замени со новите електрични C-Класа EQ и GLC EQ, развиени на модерната MB.EA-M платформа со 800-волтна архитектура, која овозможува поголема ефикасност, практичност и најнова генерација на електромотори.

Иако првично беше најавен редизајн на EQE во 2026 година, компанијата реши да ги запре инвестициите во моделите и да се фокусира на идната електрична Е-Класа EQ, која треба да се појави во 2027 година.

Портпарол на Мерцедес одби да ја потврди информацијата за гасење на производството, но потврди дека наследник на EQE е веќе во развој. ссм/

фото: ДПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан