• понеделник, 18 ноември 2024

Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин

Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин

Брисел, 26 мај 2024 (МИА) - Дванаесет лица се повредени поради силните турбуленции на лет на „Катар ервејс“ од Доха до Даблин.

Во соопштението од аеродромот во Даблин се наведува дека авионот слетал безбедно, според планираното, нешто пред 13 часот по локално време.

„По слетувањето, ги пречека амбулантно возило, аеродромската полиција и нашата противпожарна и спасувачка служба, поради шест патници и шест членови на екипажот кои пријавиле повредени, откако авионот претрпел турбуленции додека летал над Турција“, се вели во соопштението.

Не се соопштуваат детали за сериозноста на повредите.

Инцидентот се случува пет дена откако Британец го загуби животот, а неколку други беа повредени кога авион на Сингапур Ерлајнс од Лондон претрпе силни турбуленции. зш/

Остани поврзан