Поради свлечиште блокиран патот кон дебарското село Татар Елевци
- Патот, кој селото Татар Елевци го поврзува со Дебар, моментно е блокиран поради свлечиште. Од општината информираа дека свлечиштето од земја и дрва е последица на излевање на голема количина на вода од пукање на водоводна цевка, која го снабдува резервоарот во таа зона.
Дебар, 12 февруари 2026 (МИА) – Патот, кој селото Татар Елевци го поврзува со Дебар, моментно е блокиран поради свлечиште.
Од општината доцна попладнево информираа дека свлечиштето од земја и дрва е последица на излевање на голема количина на вода од пукање на водоводна цевка, која го снабдува резервоарот во таа зона.
- Надлежните екипи се на терен, каде што работат на санирање на дефектот во водоводната мрежа а потоа и расчистување на материјалот од коловозот, со цел воспоставување на нормален сообраќај во најкраток можен рок- наведуваат од општината.
Се замолуваат граѓаните да покажат максимална внимателност и да го избегнуваат движењето на овој патен правец. вт/лв/
Фото: МИА