• среда, 15 мај 2024

Поради протести на антиваксери во Лос Анџелес за кратко прекината вакцинацијата

Поради протести на антиваксери во Лос Анџелес за кратко прекината вакцинацијата
Лос Анџелес, 31 јануари 2021 (МИА) - Поради протестите на ултрадесничарите и противниците на вакцинирањето, во Лос Анџелес во саботата еден час беше прекината вакцинацијата на пункт отворен на стадионот Доџерс. Околу 50 демонстранти носеа пароли против вакцинација и го запреа сообраќајот неколку часа. Локалните медиуми јавуваат дека членовите на противпожарната служба во Лос Анџелес го затвориле стадионот околу 14 часот по локално време. Сепак, полицијата на Лос Анџелес објави на својот профил на Твитер дека „портите на стадионот не се затворени“ и најави продолжување на вакцинацијата според планот, што го потврди и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, пренесува Би-Би-Си. паг/

Остани поврзан