Поради прекин во водоснабдување во делови од општина Кисела Вода ќе бидат поставени цистерни со вода
- Поради уличниот дефект ф-600 мм на Борис Трајковски бб (пред мостот во Драчево) и прекинот во водоснабдувањето, ќе бидат поставени цистерни за питка и техничка вода во повеќе делови од општин
Скопје, 20 мај 2022 (МИА) - Поради уличниот дефект ф-600 мм на Борис Трајковски бб (пред мостот во Драчево) и прекинот во водоснабдувањето, ќе бидат поставени цистерни за питка и техничка вода во повеќе делови од општина Кисела Вода.
· Усје 09-10 часот
· Пинтија 10-11 часот
· Батинци 11-12 часот
· с. Драчево 12-13 часот
· н. Драчево 13-14 часот
· н. Драчево 09-10 часот
· с.Драчево 10-11 часот
· с. Д.Лисиче 11-12 часот
· с. Студеничани 12-13 часот
· с. Морани 13-14 часот
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ зависно од населеното место цистерните ќе бидат лоцирани пред училиштата и градинките или на главната улица доколку се работи за засегнатите села. сст/